Синоќа пред преполнaта сала на Домот на културата во Струмица, Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев го прогласи за отворен 16 -от Меѓународен фестивал на камерен театар “Ристо Шишков”. Со претставата „Бегалка“ во режија на Дејан Пројковски започна 16-то издание на фестивалот на камерен театар посветен на бардот на македонското глимиште „Ристо Шишков“…
Во наредните пет дена, колку што ќе трае фестивалот, на камерната сцена на театарот „Антон Панов“ ќе продефилираат актери од вкупно 12 претстави.
Во селекцијата за Фестивалот влегоа и претстави од странство, со што на Фестивалот му се даде меѓународен предзнак. Фестивалот Ристо Шишков од минатата година е член на Здружението на европски фестивали НЕТА.
За единствената награда што го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков на сцената ќе одиграат улоги 40-ина актери од дванаесет театри од кои шест од странство.