Шеесет и четврта седница на Советот на Општина Струмица

Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа шеесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за 31.01.2008год. (четврток) во 11.00 часот. Дневниот ред за 64 седница може да го превземете

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ шеесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 31.01.2008 год.(четврток). Шеесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

Ι. Усвојување на записникот од шеесет и третата седница  на Советот на општина Струмица, и

II. Дневен ред

1. Извештај за извршените работни задачи на Територијалната професионална противпожарна единица Струмица за 2007 година;
2. Предлог-Програма за работа на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица во 2008 година;
3. Предлог-план за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2008/2009 година
4. Предлог-Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности во Општина Струмица со спомен-обележја;
5. Предлог – Одлука за утврдување надоместок за работата на Комисија за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот на подрачјето на Општина Струмица;
6. Давање согласност на Одлука на УО на ЈПКД „Комуналец” Струмица;
7. Предлог-Одлука за основање на Јавно претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори. и
8. Решение за разрешување и именување на членови во Комисијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот на подрачјето на Општина Струмица.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Зоран Ристов