Синоќа, во Домот на АРМ во Струмица се одржа завршната трибина „Заедно сме силни“ како заокружување на целокупниот проектен циклус од проектот Заедничката победа на струмичани во борбата со карциномот во Република Македонија.
Во рамките на проектот „Заедничката победа на струмичани во борбата со карциномот во Република Македонија “, во реализација на Општина Струмица и Организација на жени Струмица, поддржан од Институтот за човекови права Лудвиг Болтзман од Виена, финасисран од Австриска развојна поддршка, синоќа, во Домот на АРМ во Струмица се одржа завршната трибина „Заедно сме силни“ како заокружување на целокупниот проектен циклус.
На Трибината пред аудиториумот во исполнетата сала беше презентиран текот на целиот проектен циклус, со сублимат од резултатите и ефектите од истиот.
Трибината обработуваше две значајни теми:
1. Потребата од промена во перцепцијата на зборот карцином заради подобра и поздрава заедница;
2. Потребата од континуирани информативно едукативни предавања за карцином со посебен осврт на карцином на дојка и потребата од продолжување на проектот;
Во рамките на овој проект во изминатите 8 месеци се оддржа низа едукативни предавања низ сите населени места на територијата на Општина Струмица и општините во регионот, за подигање на свеста на населението за значењето на раната детекција на карциномот.