Екипата на Миравци е победник на Новогодишно Божиќниот турнир Струмица 2007/2008, откако во финалето ја совлада екипата на Disney Mece со 3:1. Третопласирана беше екипата на Марфил која во малото финале на пенали ја совлада екипата на Фауна.
Екипата на Миравци е победник на Новогодишно Божиќниот турнир Струмица 2007/2008, откако во финалето ја совлада екипата на Disney Mece со 3:1. Третопласирана беше екипата на Марфил која во малото финале на пенали ја совлда екипата на Фауна. Новогодишно Божиќниот турнир во мал фудбал кој е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица оваа година беше со најголем награден фонд во историјата на малиот фудбал во Македонија, со износ од 500.000 денари. Ексклузивен покровител на турнирот беше Де лукс инжинеринг–Струмица.
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ги доделија наградите на најдобрите екипи. Победничките екипи добија пехари и парични награди и тоа: Миравци 300.000 денари, Disney Meчe 125.000 денари, Марфил 50.000 денари, и Фауна 25.000 денари.
На турнирот беа доделени и награди за најдобар голман, стрелец, фер плеј и најдобар играч. Најдобар голман на 14-тиот Новогодишно Божиќен турнир во мал фудбал е Столе Димовски од екипата на Еленица, а најдобар стрелец со 7 постигнати гола е Дарко Ранготов од екипата на Disney Meчe. Фер плеј на овогодинешниот турнир е Горан Спиркоски од екипата на Марфил а за најдобар играч беше прогласен Крсте Тодоров од екипата на Миравци. Предигра на финалните натпревари беа пионерските екипи на Тиверија и Василево. Натпреварот заврши со резултат 3:1 во корист на пионерите на Тиверија. На 14 тиот НБТ учествуваа 36 екипи, 432 играчи, а беа одиграни 80 натпревари.