Соопштение од Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев во врска со отпочнување на изработка на веб сајт на стопанските субјекти во Струмичкиот микро регион.
Општина Струмица ги известува сите деловни субјекти кои егзистираат на делот на Струмичкиот микро-регион дека подготвува официјален веб сајт на економските субјекти од овој регион. Целта на овој веб сајт е промоција на целокупниот бизнис сектор во регионот, вмрежување и полесна комуникација на бизнис опкружувањето во регионот, државата и пошироко. За да и Вие како деловен субјект бидете дел од овој веб сајт контактирајте со Одделението за Локален Економски Развој во Општина Струмица на телефон 034/340-224.