Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев синоќа беше гостин во емисијата “Отворено со Градоначалникот”. Во првиот дел Градоначалникот направи ретроспектива на случувањата во изминатиот месец и одговораше на прашања од претставници на невладините организации, а во вториот дел одговараше на прашања од гледачите.