Соопштение од Градоначалникот на општина Струмица во врска со промотивниот караван “Македонија сурфа” на USAID.
На ден 21.10.2006 (сабота) промотивниот караван “Македонија сурфа” ке престојува во Струмица. Целта на “Македонија сурфа” е промоција на прогресот на Македонија во користењето на информатичко комуникациската технологија. За време на караванот:
• Општина Струмица на присутните ќе им ги претстави on – line услугите кои граѓаните можат да ги користат.
• Ке бидат демонстрирани некои од услугите на информатичко комуникациската технологија кои се примарно наменети за граѓаните, како што е е-Банкарството.
• Дистрибутери на компјутери и комјутерска опрема ке им понудат на поситителите на караванот посебни цени за нивна набавка.
• Компјутери поврзани на интернет ќе бидат достапни на посетителите и со помош на инструктори посетителите ќе можат да сурфаат на интернет, како и да се информираат за тоа како да отворат своја електронска адреса (e-mail) и сл.
• Во склоп на овој настан на две организации од Струмица ќе им бидат донирани компјутери
Затоа на 21 Октомври во сабота во периодот од 12:00 до 16:00 часот посетете го градскиот плоштад и бидете дел од настанот.