Редизајниран веб сајтот на Општина Струмица. Новиот веб сајт, кој на граѓаните им беше претставен во склоп на караванот Македонија Сурфа, ги содржи сите информации во врска со Општина Струмица, информации за работењето на Градоначалникот, Советот на општината, актуелните настани во градот итн. Со цел понатамошен развој и постојано надоградување на овој веб сајт, Вашите мислења, предлози, забелешки во врска со овој сајт испратете ги на webmaster@strumica.gov.mk.