Денес во рамките на чествувањето на празникот Св.Петнаесет Тивериополски Свештено-маченици, Градоначалникот на Општина Струмица свечено го предаде во употреба Дневниот центар и клуб за стари лица со мобилна екипа за помош, кој е рализација на проектна активност на Општина Струмица и Министерството за финасии-Светска Банка, преку фондот за Социјални инвестиции-Проект за Развој на општините.
Проектот на Општина Струмица , Дневен центар и клуб за стари лица со мобилна екипа за помош, е дел од Програмата за социјалните потреби на граѓаните од областа на социјалната заштита која беше усвоена од Советот на општина Струмица на 31.08 2006 година и истиот во конкуренција од 40 аплицирани проекти до Светска Банка беше селектиран во трите најдобри.
Потпишувањето на Меморандумот за разбирање од страна на Општина Струмица и Светска банка значеше и релизација на проектот. Во реализацијата на проектот Светска банка учествуваше со финансиска подршка од 480.000 денари, а Општина Струмица со 210.000 денари и простории од 210 м2 кои целосно ги преадаптира и реновира за таа функција.
Партнер во реализацијата на проектот и спроведување на програмските активности е Здрушението на граѓани за за еманципација,социјализација,ресоцијализација,здравствена и психосоцијална помош и човекови права на граѓаните „Продолжен живот“-Струмица.