Денес во склоп на свеченостите и манифестациите организирани по повод денот на заштитниците на Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски Маченици, – Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев ја предаде во употреба новата фонтана на кружниот тек помеѓу булеварите “Маршал Тито”, “Гоце Делчев” и улица Балканска.
Се работи за најсовремена фонтана, комплетно автоматизирана и прва од ваков тип во Република Македонија.Фонтаната е во 6 менливи облици кои се менуваат на неколку секунди, а повеќето светлечки ефекти и даваат посебен сјај. Просторот околу фонтаната е хортикултурно уреден и околу неа ќе бидат дополнително поставени светлечки ефекти.. Изведувач на работите беше компанијата Дооел “Гросс Маркет” која беше избрана на јавниот конкурс објавен за овој проект.