Покана за свеченостите по повод Денот на заштитниците на Струмица

Почитувани граѓани,

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов Ве покануваат да присуствувате на свеченостите и манифестациите организирани по повод денот на заштитниците на Струмица: СВЕТИТЕ ПЕТНАЕСЕТ ТИВЕРИОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ.

08.12.2006 година (Петок)

10:00 часот
Предавање во употреба на “Дневен центар и клуб за стари лица со мобилна екипа за помош“
Место: Простори на II месна заедница
11:00 часот
Пуштање во употреба на градска фонтана на кружниот тек
12:00 часот
Доделување награди по распишан конкурс и  доделување награди на најдобри читатели
– Доделување награди по натпревар “Млади библиотекари”
– Место: Локална установа библиотека “Благој Јанков Мучето” Струмица

10.12.2006 година (Недела)

19:00 часот
Промоција на поемата Петнаесетте
Автор: Иван Василевски   Промотор: д-р Илија Велев
Место: НУЦК “Антон Панов” Струмица (Фоаје)
20,00 часот
Годишна изложба на ДЛУС
Место: НУЦК “Антон Панов” Струмица (фоаје)

11.12.2006 година (Понеделник)

09:00 часот

Света божествена литургија во чест на   Светите 15   Тивериополски свештено маченици
Место: Црква  “Св. Петнаесет тивериополски   свештеномаченици” – Струмица
10:00 часот
Турнир во кошарка за основни и средни училишта
– За основните училишта во 10,00 часот Место: ОУ “Видое Подгорец” Струмица
– За средните училишта во 12,00 часот  Место: Спортска сала “Парк” – Струмица
12:00 часот
Свечена седница на Советот на  општина Струмица (доделување на годишни награди)
– Место: Дом на АРМ – Струмица