Градоначалникот Костадин Костадинов со своите високи гости од Владата на Република Северна Македонија, на чело со премиерот Димитар Ковачевски, денеска ја посетија и локацијата за изградба на станбена населба со објекти за сместување и домување на социјално загрозени семејства во Струмица која се наоѓа во месноста „Чамл`к“.
При увидот во градежните активности од првата (подготвителна) фаза на овој капитален проект, градоначалникот Костадинов го запозна премиерот Ковачевски со неговата намена, за завршените административни птроцедури, како и со идните планирани активности за изградба на истиот.
Во својата изјава за медиумите, градоначалникот Костадинов го истакна значењето на населба за социјално загозените семејства од Струмица, изразувајќи го своето задоволство од позитивните реакции на премиерот Ковачевски.