Градоначалникот Костадинов и премиерот Ковачевски на булеварскиот мост во изградба на Водочница

Градоначалникот Костадинов и премиерот Ковачевски на булеварскиот мост во изградба на Водочница

Градоначалникот Костадин Костадинов и неговиот денешен гостин премиерот Димитар Ковачевски, по отворањето на детската градинка „Виножито“ извршија увид во изградбата на мостот „Обединување“ на реката Водочница.

Овој мост е прв булеварски мост во историјата на Струмица, предизборно ветување на градоначалникот Костадинов кој се реализира уште во првата година од неговиот градоначалнички мандат и тоа со општински средства во износ од 30 милиони денари.

Изградбата на мостот којашто започна пред 3 месеци се одвива според планираната динамика и досега се реализирани 50 проценти од градежните активности.

Градоначалникот Костадинов е посебно горд на овој проект затоа што тој претставува предуслов за реализација на уште поголем проект, а тоа е изградба на булеварот „Братство Единство“ со кој се отвора ново грло во градот, но претставува и основа за реализација и на новиот градски пазар.