Завршија Јавните собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во општина Струмица. Во изминатите две недели се одржаа вкупно 19 собири, два со граѓаните од осумте урбани заедници во градот и 17 со жителите од населените места.
Целта на Јавните собири беше да се слушнат предлозите од граѓаните во време на планирање на буџетот за 2022 година и нивните предлози да влезат во општинските програми.