Се одржа третата форумска сесија од Буџетскиот форум 2021/22

Се одржа третата форумска сесија од Буџетскиот форум 2021/22

Во големата сала на Домот АРМ се одржа третата форумска сесија од Буџетскиот форум во општина Струмица 2021/2022 година. Евгенија Граматикова, раководител на Одделението за буџетска координација ги презентираше  избраните буџетски програми и развојни потпрограми од страна на граѓаните од претходната форумска сесија и тоа:

ЈМ – Паркови и зеленило (ЈМА – Нови зелени површини, ЈМБ-Нов Парк АТШ Берово)

ЈИ – Изградба на системи за одводнување и прочистување на отпадни води (ЈИА-Нови канализации во општина Струмица, ЈИБ – Уредување на канал Крушевска Република)

-ЈЛ – Други комунални услуги – Гасовод (ЈЛА-Изградба на мрежа за гас)

-РА – Заштита на животна средина (РАБ-Енергетски ефикасни фасади)

По прегледот се изврши избор на приоритетни развојни потпрограми и се направи предлог приоритетни иницијативи по избраните приоритетни развојни потпрограми. Целта на овој форум е да се зголеми учеството на граѓаните во креирањето на буџетот и зголемување транспарентноста на Општината.