Градоначалникот Костадинов на час со учениците од четврто одделение во ООУ „Сандо Масев“

Градоначалникот Костадинов на час со учениците од четврто одделение во ООУ „Сандо Масев“

Градоначалникот Костадин Костадинов, присуствуваше на час во паралелка со ученици од четврто одделение во ООУ „Сандо Масев“ од Струмица. Разговараа на теми од локалната власт, односно, за функцијата на Градоначалникот и работата на Општината, кои што ги изучуваат по предметот историја и општество.

Градоначалникот Костадинов беше изненаден од познавањата на учениците на овие теми, им врачи подароци и им посака многу успех во учењето и безгрижно детство.