По долги подготвителни работи коишто требаше да ги направи општина Струмица, но и жителите на населбата, започнува изградбата на две сервисни улици и три фекални колектори во Софилар. Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, го потпиша договорот, набавката е одобрена од страна на Министерството за финансии во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги. Вкупниот износ на оваа инвестиција изнесува 25.881.622,00 денари, а изведувач на работите ќе биде ДГТ Жикол ДООЕЛ Струмица. Со изградбата на улиците и фекалните колектори општина Струмица го решава повеќедеценискиот проблем во населбата Софилар и обезбедува квалитетни услови за живот за граѓаните коишто живеат во неа.