Започна изградбата на спортска сала во населеното место Муртино

Започна изградбата на спортска сала во населеното место Муртино

По претходно завршување на подготвителните работи кои беа обврска на општина Струмица, денеска, официјално започна изградбата на спортската сала Модел 1 на површина од 650 метри квадратни во населеното место Муртино. Финансискиот зафат на оваа инвестиција е околу 24.000.000 денари, а рокот на изведба 7 месеци.

Средствата се обезбедени од Министерството за образование и наука, согласно Програмата за изградба на 145 спортски сали во основни и средни училишта.