Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, во името на општина Струмица потпиша Меморандум за соработка со Правната клиника на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Соработката е во насока на унапредување на правото на пристап до правдата и правичната судска заштита преку размена на знаења, искуства и најдобри практики. Градоначалникот Костадинов потенцираше дека соработката со младите луѓе посебно му значи и секогаш ќе ги поддржува нивните предлози и проекти.