Решение за свикување четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08 – 3078 /1, 26.05.2021  год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување на четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 02.06.2021 година (среда).

Четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.

За работа на седницата  го предлагам следниот:

Дневен ред

  1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2021 година;
  2. Предлог – одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за  2021 година;
  3. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2021 година;
  4. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
  5. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активности  во областа на заштитата на  животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2021 годинa;
  6. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата одржување на јавната чистота на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
  7. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;
  8. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2021  година;
  9. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2021 година;
  10. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2021 година;
  11. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната   и детската заштита во 2021 година;
  12. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица  во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2021  година;
  13. Предлог- Одлука за доделување парична помош на Перо Мерков од Струмица;
  14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од кофинансирање  на проекти на ГОи во рамките на јавни повици организирани преку РеЛОад2 проектот (Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2);
  15. Предлог-Одлука за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација  на подрачјето на општина Струмица  за 2021 година;
  16. Предлог – Одлука    за донесување на Програма за  изградба на спортска сала   на КП бр. 1276  КО Струмица,  за потребите на СОУ „Сане Сандански“ Струмица;
  17. Предлог-Одлука за измена   на режимот на сообраќај на крстосница на ул. „Братство Единство“ со ул. „Климент Охидски“ во Струмица
  18. Предлог-Заклучок   за утврдување  Нацрт план за ДУП за блок 12,  УЕ 2 во Струмица;
  19. Барање  согласност  за прием на поголем број деца  од капацитетот во клоновите на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
  20. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ Струмица за периодот од 01.01. до 31.03.2021 година;
  21. Извештај за работењето на ЈП „Парткиралишта-Струмица“ Струмица,  за периодот од 01.01. до 31.03.2021 година;
  22. Програма за измена и дополнување на Програмата  за работа ЈП „Парткиралишта-Струмица“ Струмица за 2021 година; и
  23. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период 1 месец- 03 месец 2021 година.

Претседател,

Марјан Даскаловски