Соопштение за организирање на јавен увид на урбанистички проект, Бр.03-1066/2

Врз основа на член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ број број 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10,1/15, 8/18, 6/19 и 29/19) Градоначалникот на општина Струмица, објавува

СООПШТЕНИЕ

Се организира jавен увид на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП17.1.60, ГП17.1.61.1 и ГП17.1.61.2, дел од Блок 17/1, Општина Струмица, со површина од 5439,87м2 кој ги опфаќа КП111/1, дел од КП111/10, КП101/2, КП110, во КО Градско Балдовци, како што е наведено и во член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020).
Соопштението за организирање на јавен увид е објавено на ВЕБ страницата на Општина Струмица.,
Јавниот увид ќе трае од 19.02.2021 год. до 11.03.2021 год.
Заинтересираните граѓани и правни лица, своите забелешки на посебни анкетни листови, ќе можат да ги достават во просториите на Секторот за урбанизам и комунални работи.

Урбанистички проект со план за парцелација – ЛИНК

Бр.03-1066/2
18.02.2021 год.
Струмица

Општина Струмица
Градоначалник
Коста Јаневски