Ѕвездата на Горан Пандев е повторно поставена на плоштадот „Гоце Делчев“

Ѕвездата на Горан Пандев е повторно поставена на плоштадот „Гоце Делчев“

Плоштадот „Гоце Делчев“ од денеска повторно го краси ѕвездата на нашата фудбалска легенда Горан Пандев. На местото каде што беше украдена во ноември 2018 година, е поставена нова ѕвезда на мермерна плоча.

Ѕвездата на Пандев беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад. Веруваме дека овој пат, ѕвездата на Пандев нема да му пречи на никој и ќе остане на градскиот плоштад, ќе ја чуваме исто како и што се радуваме на неговите успеси со коишто ја промовира нашата општина и нашата држава.