Јавен повик за избор на стручно лице – консултант за едукација на индивидуални земјоделски производители

Јавен повик за избор на стручно лице – консултант за едукација на индивидуални земјоделски производители

Врз основа на  член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02) и член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник  на Општина Струмица„ бр  4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), како и  потребата за реализација на донесената Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот за 2024 година – Програма G1, Поддршка на ЛЕР , составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2024 година, бр 08-11072/1 од 28.12.2023 година, соодветно на   Одлуката за усвојување, односно Одлуката за  извршување на Буџетот за 2024 година, донесени на седница на Совет на општина Струмица одржана на 28.12.2023 година, бр 08-11038/1 од 28.12.2023 година и 08-11039/1 од 28.12.2023 година,  ( „Службен гласник на општина Струмица  бр 19/2023“),  и во таа насока потребата од спроведување на поединечната постапка за реализација на АКТИВНОСТ БР. 1.2.Унапредување на земјоделството и подобрен квалитет на живот во руралните средини, подактивност 1.2.3. Едукација на индивидуални земјоделски производители за користење на стандардизиран семенски и саден материјал со промоција на можностите за органско производство на одредени земјоделски култури како и едукација на индивидуалните земјоделски производители за влијанието на климатските промени во функција на потребите на земјоделците од општина Струмица со опфат и на земјоделците од Општина Василево како дел од работата и функционирањето на Регионалниот центар за предприемништво и поддршка на земјоделството (Струмица -Василево) , Центар за одржлив развој во Општина Струмица, соодветно на Планот за реализација на поединечни активности од Програма G1, Поддршка на ЛЕР за 2024 година,   одобрен од Градоначалникот на општина Струмица, заверен во општинска архива под број 09-580/2 од 29.01. 2024 година, Градоначалникот на општина Струмица објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н      П  О В И К

за

Избор на стручно обучено лице-Консултант

Заради стручна помош и поддршка на индивидуалните земјоделски производители од Струмица и Василево како дел од работата и функционирањето на Регионалниот (Меѓуопштинскиот центар за предприемништво и поддршка на земјоделството, Струмица-Василево) кој функционира на територија на  Општина Струмица за 2024 година, поточно Регионален центар за одржлив развој во Општина Струмица, во трите области:

  1. Едукација на индивидуални земјоделски производители за користење на стандардизиран семенски и саден материјал;
  2. Промоција на можностите за органско производство на одредени земјоделски култури;
  3. Едукација на индивидуалните земјоделски производители за влијанието на климатските промени;

соодветно на потребата за   реализацијата на АКТИВНОСТ БР. 1.2.Унапредување на земјоделството и подобрен квалитет на живот во руралните средини, подактивност 1.2.3 ,  дел од Г1 програмата –Поддршка на ЛЕР за 2024 година

 

Потреба на јавен повик

           

Општина Струмица преку Одд за ЛЕР како надлежно одделение за развивање и унапредување на Локалната економска политика со особен фокус и приденос кон унапредување на модерното и стандардизираното земјоделско производство, како и применливоста на современите европски стандарди во земјоделството како една од клучните гранки на локално ниво спроведува јавна и транспарентна процедура за избор на Избор на стручно обучено лице-Консултант, со една единствена цел:

 

  • Потикнување и стимулирање на сите индивидуални земјоделци, особено младите идни предприемачи-земјоделци, заради нивно вклучување во заедницата како обучени, доволно едуцирани и активни чинители во современото земјоделско производство низ примената на новите современи европски концепти и аспекти  кои со сигурност ќе им помогнат кон зголемување на нивните земјоделски приходи (количина и квалитет на земјоделски производи);
  • Едукацијата на сите земјоделски производители, особено младите земјоделкси производители во процесот на напуштањето на конвенционалниот начин на земјоделско производство  и премин кон стандардизирано и модерно земјоделско производството на квалитетна и здрава органска храна,  препознатлива на европските пазари;
  • Помагање на сите индивидуални земјоделци, особено младите идни предприемачи-земјоделци сериозно да ги разберат штетните последици од глобалните климатски промени и реланоста и ризиците од веќе контаминираните земјоделски површини за да ги променат застарените концепти на конвенционални начини на производство и преминат кон користење на нов здрав и неконтаминиран и стандардизиран саден семенски материјал;
  • Стручна експертиза за да се  подготват и да се справат со предизвиците од  влијанието на глобалните климатски промени за да  на домашните и странските пазари се јават како конкурентни и препознатливи земјоделски производители за да си обезбедат сигурен пласман на нивните земјоделски производи а со тоа и си обезбедат достоен економски бенефит или постигнат реални цени на нивните производи кои ќе ги покријат реалните трошоци за производство, плус дополнително ќе обезбедат финансиски средства доволни за задоволување на нивните годишни животни потреби а со тоа и останат во местото на живеење(се спречи реалната миграција);

 

Уште повеќе да ја искористат можноста да добијат бесплатна експертска помош од  стручното лице кое преку примена на   новите дигитални можности за обука, промоција, и  лично-поединечно бесплатно рекламирање на дигиталната општинска веб платформа како дел од функционирањето на Регионалната канцеларија со Обучен центар за поддршка на земјоделството, туризмот и одржливиот економски развој во струмичкиот микрорегион именуван како Регионален центар за одржлив развој на Струмица и Василево, бидат директно достапни на домашните и странските пазари и откупувачи без да бидат злоупотребувани од поединци или групи кои се занимаваат со откуп на земјоделски производи надвор од законот.

 

 Цел на јавниот повик

Целта на јавниот повик е  Градоначалникот на општина Струмица  во рамките на своите овластувања, преку надлежното Одд за ЛЕР, да спроведе јавна транспарентна постапка заради обезбедување на дополнителен човечки ресурс  (стручно обучено лице- консултант) кое за период од 6 месеци (по потпишување на договорот) ќе два експертска помош за земјоделците како дел  работата и  функционирање на РЦОР во насока на реализација на планираната АКТИВНОСТ БР. 1.2.Унапредување на земјоделството и подобрен квалитет на живот во руралните средини, подактивност 1.2.3. Едукација на индивидуални земјоделски производители за користење на стандардизиран семенски и саден материјал со промоција на можностите за органско производство на одредени земјоделски култури како и едукација на индивидуалните земјоделски производители за влијанието на климатските промени во функција на потребите на земјоделците  дел од Г1 програмата –Поддршка на ЛЕР за 2024 година , дел од Програма G1, Поддршка на ЛЕР, во функција на  потребата за која се распишува Јавниот повик.

 

Начин на реализација на јавниот повик

За таа цел, во рамките на процедурата Градоначалникот на општина Струмица  именува Комисија за спроведување на Јавен повик за избор на стручно обучено лице- Консултант за испорака на услуга во насока на  делување во три области:

 

  1. Едукација на индивидуални земјоделски производители за користење на стандардизиран семенски и саден материјал;
  2. Промоција на можностите за органско производство на одредени земјоделски култури;
  3. Едукација на индивидуалните земјоделски производители за влијанието на климатските промени;

 

Во рок од 5 работни дена по истекот на крајниот рок за пријавување на Јавениот повик, Комисијата има обврска :

  • Да ја разгледа пристигната комплетна документација од пријавените кандидати наведена во јавниот повик;
  • Да подготви листа на кандидати  кои ги исполнуваат критериумите наведени во јавниот повик;
  • Да изготви Записник од  извршена евалуација со предлог бодовна листа на кандидати;
  • Да достави до Градоначалникот на општина Струмица Записник со предлог бодовна листа на кандидати,  согласно која во понатамошна постапка Градоначалникот донесува Решение за избор на стручно обучено лице- консултант за спроведување на активности планирани како дел од работата и функционирањето на Регионалниот центар за одржлив развој за 2024 година низ горе наведените три клучни области(сегменти);  соодветно на потребата за   реализацијата на под Активноста1.1.3;

 

Во понатамошна постапка да го заврши целиот процес :

  • По донесувањето на Решението од Градоначалникот во рок од 5 дена писмено да  ги извести сите пријавени кандидати за изборот согласно Решението;
  • Решението јавно да го објави на општинската веб страница;
  • Во соработка со општинската правна служба да подготви правен документ(Договор за Услуга) и истиот да го достави на одобрување  и потпишување до двете договорни страни;

 

По потпишувањето на Договорот со избраниот кандидат:

  • Во целост да го следи постапувањето и исполнувањето на обврските на избраниот кандидат произлезени од самиот договор и да реагира соодветно и навремено согласно потребата;
  • Да ја следи работата на избраниот кандидат со кој се склучува договорот во функција на  напредокот, достигнувањата и резултатите од функционирањето на  Регионалниот центар за одржлив развој сместен во просториите на повеќенаменскиот центар, сопственост на Општина Струмица;
  • Да подготвува извештаи со кои  пред Градоначалникот на општина Струмица, Советот на општина Струмица и пошироката јавност во локалната заедница ќе  известува за реализацијата на активностите произлезени од работата на ангажираниот консултатнт за период од 6 месеци во рамките на работата   и функционирањето на Центарот во 2024 година;

 

Поточно, планираните финансиски средства во вредност од  100.000,00 денари во Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот за 2024 година, Програмата Г1 поддршка на ЛЕР во АКТИВНОСТ БР. 1.2.Унапредување на земјоделството и подобрен квалитет на живот во руралните средини, подактивност 1.2.3. Едукација на индивидуални земјоделски производители за користење на стандардизиран семенски и саден материјал со промоција на можностите за органско производство на одредени земјоделски култури како и едукација на индивидуалните земјоделски производители за влијанието на климатските промени како дел од работата и функционирањето на центарот, ги стави во функција на потребата како општинска финансиска поддршка на функционирањето на истиот во 2024 година.

 

Право на учество

На Јавниот повик право на учество  имаат:

  • Сите заинтересирани граѓани (физички лица со завршено ВСС)  жители на  општина Струмица кои имаат доволно капацитет и стручност да одговорат на обврската согласно потребата за која се објавува јавниот повик.

 

  1. Потребни документи за пријавување

Кандидатите кои пројавуваат интерес на јавниот повик  треба да достават комплетна документација:

  1. Пријава даена во прилог на Јавниот повик
  2. Копија од лична карта како доказ за жител на Општина Струмица;
  3. Диплома за завршено високо образование (Факултет за земјоделски науки )
  4. Автобиографија(CV) со прилози сертификати и други докази за стекнато знаење искуство и придонес во областа на земјоделието, заштита на почвата и животната средина;
  5. Доказ за учество во реализација на проекти и активности кои се однесуваат на областа „Земјоделството“ ;
  6. Во прилог на документацијата посебно разработени три концепти по трите клучни сегменти со опфат на активности како појдовни основи за понатамошбното делување и унапредување на земјоделието во струмичко- василевскиот регион како дел од работата и функционирањето на регионалниот центар за одржлив развој на Струмица и Василево.
  7. План и временска рамка за реализација на активностите;

 

Напомена:

Секој недостаток на било кој од наведените документи е елиминаторен критериум!

 

 Критериуми за избор

  • Комплетна документација;
  • Содржајност на автобиографијата;
  • Содржината (реална остварливост на концептите-палновите за реализација на трите горе наведени сегменти );
  • Респоредот на расположивите општински буџетски средства во функција на потребата;

 

Начин на пријавување на јавниот повик

Потребната документација за пројавување на интерес по објавениот Јавен повик се доставува во затворен плик по пошта, на адреса Општина Струмица, ул.„Сандо Масев“ бр.1, 2400 Струмица или на рака во архивата на Општина Струмица со назнака на предната страна од затворениот плик „ За Јавен повик за Пројавување интерес за Избор на стручно обучено лице- консултант“, заради стручна помош и поддршка на индивидуалните земјоделски производители од Струмица и Василево како дел од работата и функционирањето на Регионалниот Центар (Меѓуопштинскиот центар за предприемништво и поддршка на земјоделството-Струмица –Василево) кој функционира на територија на  Општина Струмица за 2024 година, поточно Регионален центар за одржлив развој во Општина Струмица, во трите области:

  1. Едукација на индивидуални земјоделски производители за користење на стандардизиран семенски и саден материјал;
  2. Промоција на можностите за органско производство на одредени земјоделски култури;
  3. Едукација на индивидуалните земјоделски производители за влијанието на климатските промени;

 

Јавниот повик е со важност од 30 работни денови, вклучително и денот на објавувањето на Јавниот повик на општинската веб страница.

Во прилог линк од достава на информација за започнување на реализација на поединечна процедура за консултант ЛИНК

Во прилог линк од ПРИЈАВА ЗА СТРУЧНО ОБУЧЕНО ЛИЦЕ консултант за под акт 1.2.3 ЛИНК