Одржана нултата сесија од проектот „Форуми во заедницата“

Подобрени услови во образованието, квалитетна инфраструктура, згрижување и заштита на ранливите групи, и развој на руралните средини се темите на кои Струмичани во наредните неколку месеци ќе прават проекти за да ги употребат шесте милиони денари од Општината и Швајцарската агенција за развој и соработка….

Подобрени услови во образованието, квалитетна инфраструктура, згрижување и заштита на ранливите групи, и развој на руралните средини се темите на кои Струмичани во наредните неколку месеци ќе прават проекти за да ги употребат шесте милиони денари од Општината и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Верувам дека проектот „Форуми на заедницата„ ќе не надогради како општина, а се надевам дека и проектната задача која ќе ја одбереме да ја реализираме ќе ја сработиме и реализираме како што треба а со тоа ќе им возвратиме на граѓаните кој учествуваат во проектот – рече Градоначалникот Зоран Заев. За него најважно е граѓаните сами да одлучат што им е потребно и што им прави проблеми во секојдневното живеење.

За разлика од првиот човек на Струмица граѓаните имаат свои желби во што да се вложат парите од „Форумот на заедниците„. Струмичани пак задоволни што ќе можат да учествуваат во ваков вид на имплементација на проекти иако сметаат дека и до сега биле почитувани и сослушани за нивните проблеми.
Радува фактот што во проектот се опфатени сите структури на граѓани, само така може до израз да дојдат сите круцијални идеи на граѓани, здруженија, невладини организации, претставници од институции. Освен тоа преку овој проект може да се создадат цврсти партнерства од кој подоцна сите ќе бидат задоволни – Вели Живко Заев – пензионер.

Мислам дека доста демократски е направен проектот „Форуми на заедниците„ ми се допаѓа тоа што Општината ги дала насоките и стратешките цели а граѓаните треба да одлучат каде и во што ќе ги насочат и употребат парите – вели Слаѓана Даова директор на СОУ„Димитар Влахов„ од Струмица.
Шест милиони денари би требало да се искористат во развој на еколошко производство – смета Душко Стоилов – земјоделец од Струмичко.

Претставниците на ЦИРА и Швајцарската агенција за развој и соработка велат дека целта е постигната, убаво е да се видат задоволни лица кои едвај чекаат да го работат и да го спроведат проектот во својата општина.