Во јуни решени 114 проблеми преку „Систем 48“

Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец јуни биле пријавени вкупно 143 пријави од страна на граѓаните за проблеми од повеќе области. Од нив  решени се 114 пријави, а останатите 29 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 71, од областа на собирање смет 19, водовод и канализација 17, паркови и зеленило 5 и по една за општински инспекциски служби и улици, патишта и тротоари. Од општинскиот сервис „Систем 48“ има се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и користењето на неговите услуги и истовремено апелираат за навремено пријавување на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат општинските служби во предвидениот рок да интервенираат и да ги решаваат пријавените проблеми.