Претпразнично расположени, креативни и вредни беа денеска учениците и наставниците од ООУ „Видое Подгорец“.
Почитта кон верата и традицијата ја потврдија со прекрасните рачни изработки изложени на Велигденскиот базар, организиран во чест на големиот христијански празник Велигден.
Базарот го посети и градоначалникот Петар Јанков, кој со особено задоволство уживаше во делата создадени со многу љубов и труд. Тој потенцираше дека ваквите настани ја зближуваат заедницата и ја споделуваат радоста по повод најголемиот христијански празник – Велигден.

