По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот упати честитка до сите граѓани, истакнувајќи ја длабоката симболика и значење на Воскресението Христово како вечен извор на надеж, љубов и духовна сила.
„Христос Воскресна – Навистина Воскресна! Со овој вековен поздрав ја споделуваме радоста, вербата и светлината што овој празник ги носи. Нека Велигден биде поттик за обнова на духот, за зацврстување на меѓусебната почит и солидарност и нека ни донесе храброст да чекориме напред со добрина во срцата и љубов во делата“, се вели во честитката.
Градоначалникот им посака на сите граѓани празнични денови исполнети со мир, здравје и благосостојба, со надеж дека добрината ќе надвладее, а заедништвото ќе биде водилка во секојдневието.

