Општина Струмица успешно ја реализираше акцијата „Генералка Викенд 2026“

Општина Струмица успешно ја реализираше акцијата „Генералка Викенд 2026“

Општина Струмица успешно ја реализираше овогодишната еколошка акција за чистење отпад „Генералка Викенд 2026“, која се спроведе во дворовите на основните училишта во градот Струмица, како и на повеќе локации низ градот, во соработка со ЈПКД „Комуналец“ и учениците од СОУ „Јане Сандански“.

Во рамки на акцијата се чистеше на следните локации:

  • улицата кај Агрокор,
  • улицата „Цветан Димов“,
  • просторот околу стадионот и внатре во самиот стадион,
  • улицата „Климент Охридски“,
  • влезот во градот од страната на Валандово, во близина на Жито Струмица.

„Генералка Викенд 2026“ е една од активностите што Општина Струмица ги реализира со цел подигнување на јавната свест за значењето на собирањето и рециклирањето на отпадот, како и за зачувување и унапредување на животната средина.