Совет на општина Струмица
Бр.08 – 6932/1
26.09.2024 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на четириесет и втората седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица за ден 03.10.2024 година (четврток).
Четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
Д н е в е н р е д
- Предлог – Одлука за општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за поништување на Одлуката за недонесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 8 (КП 108/2) КО Струмица, Општина Струмица (Плански период 2018-2023 година);
- Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 8 (КП 108/2) КО Струмица, Општина Струмица (Плански период 2018-2023 година);
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГПбр.9 и ГП бр.10, согласно ДУП на град Струмица, Блок бр.33-2, Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП49.5.I-1, и ГП49.5.I-2, од ДУП за Блок 3 и 5, општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП56.5.I, и ГП57.5.I, од ДУП за Блок 3 и 5, општина Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП21.14 кон ГП21.13 и ГП21.15, дел од УБ21, во Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 38-51 од ДУП за Блок 38, Општина Струмица;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.59 во КО Три Води;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.129 КО Добрејци;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.7930 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на КП бр.6398/1 во КО Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Рушид Ахмедов од Струмица;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Грозданка Варизелева од с.Водоча;
- Предлог – Одлука за доделување парична помош на Менекше Мустафова од с.Банско;
- Одлука за задолжување на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
- Барање на согласност за обезбедени финансиски средства за Измена на Годишен план за вработување на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2024 година;
- Барање на согласност за обезбедени финансиски средства за Годишен план за вработување на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2025 година;
- Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за воспитна 2023/2024 година;
- Програма за работа на ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за воспитна 2024/2025 година;
- Барање согласност за прием на поголем број на деца во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски