Денес во Општина Струмица се одржа работна средба со италијанскиот амбасадор, господинот Паоло Палминтери. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и партнерството меѓу Општината и Амбасадата на Италија.
Главниот фокус на разговорите беше ставен на продлабочување на соработката во областите на економскиот развој и земјоделството, културната дипломатија, како и образованието и зачувувањето на културното наследство.
Амбасадорот Палминтери и општинското раководство изразија подготвеност за реализација на нови иницијативи кои ќе придонесат за локалниот развој и зајакнување на врските меѓу граѓаните на двете земји.

