Брилијантна изведба приредија младите актери – ученици од СОУ „Димитар Влахов“ со претставата „Брилијантин“, која беше изведена на големата сцена на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.
Меѓу публиката што уживаше во актерската игра на средношколците беше и градоначалникот Петар Јанков со сопругата, кој континуирано ги поддржува учениците од општинските училишта, како во воспитно-образовниот процес, така и во воннаставните активности.
Режијата, сценската адаптација и сценографијата на претставата „Брилијантин“ се дело на Кољо Черкезов.

