По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, во Струмица беше одбележан овој значаен датум со пригодно обраќање на градоначалникот Петар Јанков.
Во своето обраќање, градоначалникот истакна дека 9 Мај е симбол на слободата, мирот и европските вредности, нагласувајќи дека Македонија треба да продолжи по патот на развојот, демократијата и заедништвото.
Градоначалникот, заедно со членовите на Советот на Општина Струмица, им оддаде почит на борците од антифашистичката борба и порача дека обврска на сегашните генерации е да градат подобра, посигурна и перспективна иднина за младите и за државата.

