Општина Струмица скрати од непродуктивните трошоци и донира еден милион денари на Општата болница

Општина Струмица скрати од непродуктивните трошоци и донира еден милион денари на Општата болница

Општина Струмица од буџетот за 2020 година ќе донира еден милион денари на Јавната здравствена установа „Општа болница“ – Струмица за набавка на опрема и материјали за справување со пандемијата на Ковид – 19. На предлог на градоначалникот Коста Јаневски, а со поддршка од советниците, оваа одлука беше донесена на денешната седница на Советот на општина Струмица, со која Општината се откажува од дел од средствата наменети за новогодишното украсување. Скративме дел од непродуктивните трошоци и еден милион денари доделивме на Јавната здравствена установа „Општа болница“   Струмица за справување со пандемијата на Ковид-19. Меѓу тие трошоци е и новогодишното украсување, за кое сметавме дека во некој редуциран, помал обем, сепак треба да постои, имајќи го в предвид и психолошкиот или менталниот склоп на оваа новонастаната состојба, рече градоначалникот Јаневски.