Градоначалникот Костадинов во посета на ЈПКД „Комуналец“

Градоначалникот Костадинов во посета на ЈПКД „Комуналец“

Градоначалникот Костадин Костадинов, својот работен ден го започна од ЈПКД „Комуналец“. Со директорот Зоран Горгиев и менаџерскиот тим направи обиколка на стопанскиот двор и работните простории и им посака успешен работен ден на вработените. Им ја пренесе и неговата заложба за ред, дисциплина и редовна и квалитетна испорака на сите услуги кон граѓаните.

Истовремено и изворно беше информиран за актуелната состојба во претпријатието, неговите можности, проблеми и планови. Градоначалникот Костадинов рече дека ќе направи се за проширување и модернизирање на механизацијата која е клучна во функционирањето на претпријатието. Само добро организирано и функционално Јавно претпријатие може да испорача квалитетни услуги кон граѓаните. Чист град, здрава вода за пиење, редовно собирање на ѓубрето и уредени и редовно одржувани јавни површини се меѓу приоритетите за новиот лик на Струмица.