Денес градоначалникот Костадин Костадинов го прогласи за отворен дводневниот научен симпозиум на тема „Книжевното дело на Видое Подгорец“

Денес градоначалникот Костадин Костадинов го прогласи за отворен дводневниот научен симпозиум на тема „Книжевното дело на Видое Подгорец“

Денес градоначалникот Костадин Костадинов го прогласи за отворен дводневниот научен симпозиум на тема „Книжевното дело на Видое Подгорец – јазик, поетика, херменевтика“ кој по третпат го организира Здружението на граѓани „Средба под јаворите – Видое Подгорец“ од Струмица.

Во своето обраќање пред присутните, тој го истакна грандиозното литературно дело на Подгорец, а на научните работници и професори им посака добредојде во Струмица и плодна работа на Симпозиумот. Организаторите на научниот собир му врачија на градоначалникот благодарница за поддршката што Здружението „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ ја добива од Општина Струмица. Градоначалникот Костадинов вети дека таквата поддршка ќе продолжи и во иднина.