Костадинов одржа средба со директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Костадинов одржа средба со директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Градоначалникот Костадин Костадинов одржа работна средба со директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.

На средбата на којашто присуствуваа и претставници на трите средни општински училишта кои што соработуваат со Националната агенција, се разговараше за досегашните резултати од соработката и се разгледуваа сите можности за нејзино унапредување, но и зголемување на корисниците на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот.