На две локации во градот се поставени пластикомати

На две локации во градот се поставени пластикомати

Општина Струмица набави  интегриран систем за рециклирање кој се состои од безконтактни електронски картички и терминална опрема: уреди за рециклирање на отпад преку кои на крајните корисници кои во нив ќе уфрлат празни пластични шишиња или лименки, автоматски, согласно дефинираниот ценовник на претпријатието, ќе им биде доделен соодветен паричен надоместок, односно 0.5 денари по пластично шише или лименка.

Уредите (вендинг машини или пластикомати) денеска беа поставени на две од трите локации, во „Глобал“ и СОУ „Јане Сандански“, додека третата локација ќе се дефинира согласно барањата на граѓаните.

Јавната набавка ја доби фирмата Пакомак која е одговорна за поставување и инсталирање на машините. Од страна на Пакомак исто ќе бидат поставени три вендинг машини донација на локации кои самите ќе си ги одредат, но истите ќе бидат дел од интегрираниот систем за рециклирање на пластика и лименки.

Паричниот надоместок за рециклирањето на отпад на крајниот корисник ќе биде префрлен преку еден од следниве медиуми:

-Електронска безконтактна пластична картичка која што ќе ја воведе и издава Општина Струмица

-Емулирана картичка на мобилна апликација

-QR код