Поради пандемијата со Ковид-19 нема да се одржат собирите со граѓаните од урбаните и месните заедници

Се известуваат сите граѓани на општина Струмица дека поради пандемијата со вирусот Ковид-19 и почитувањето на сите мерки на претпазливост, а кои се насочени кон што поголема внимателност и грижа за здравствената состојба на сите нас, оваа година нема да се одржуваат Јавни собири со граѓаните од месните и убаните заедници.

Се повикуваат граѓаните коишто имаат предлози од областа на инфраструктурата и комуналното уредување, а кои се во надлежност на Општината, да ги поднесат до претседателите на урбаните и месните заедници, кои потоа ќе бидат доставени до Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа на општина Струмица, за да можат да бидат разгледани и да влезат во Програмата за комунално уредување 2021 и подготовката на Буџетот за 2021 година на општина Струмица.

Дополнителни информации може да се добијат од лицето за контакт, Миле Тимов на телефонскиот број 034 336 120.