Советот на општина Струмица на денешната 40-та седница го усвоија кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2020 година

Советот на општина Струмица на денешната 40-та седница го усвоија кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2020 година

Вкупните приходи на буџетот на општина Струмица во третиот квартал имаат реализација од 55 проценти. Членовите на Советот на општина Струмица на денешната 40-та седница го усвоија кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот  квартал од 2020 година.Детален извештај пред советниците даде градоначалникот Коста Јаневски.

Вкупните приходи на буџетот на општина Струмица во деветте месеци од оваа година имаат реализација од 55 проценти. Вкупните приходи ги сочинуваат основниот буџет кој е реализиран со 44 проценти во однос на планираното, наменските дотации 75 проценти, самофинансирачките активности 26 посто од планираното, донациите имаат реализација  од 28 проценти и во делот на кредити има реализација од 26 проценти. Кај основниот буџет, реализираните расходи се поголеми од реализираните приходи за 7.001.426 денари за кој износ се искажува дефицит кој се покрива од пренесенотот салдо од минатата година на буџетската жиро сметка, дефицит се појавува и кај самофинансирачките активности од 1.582.607 денари којшто исто така се покрива од пренесеното салдо од минатата година. Во однос на минатата година процентот на реализација на вкупните приходи е ист, 55 проценти, а ист е и процентот на реализација на основниот буџет. На седницата беа усвоени и предлог – одлуките за пренесување на користењето и управувањето со фекалните канализациони системи  во населените  места Дабиле и Просениково и изработка на проект за атмосферска канализација во населеното место Муртино. Зелено светло од советниците добија и извештајот за реализација  на Програмата за одржување на улиците во град Струмица и населените места, како и локалните патишта во општина Струмица за 2019/2020 година во зимски услови и предлог – Програма за одржување на истите за 2020/2021 година, годишниот план за вработување на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2021 година и барањето за прием на помал број деца. Беа усвоени и повеќе предлог-одлуки од областа на урбанизмот, предлог – одлуката  за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица  и Општина Демир Капија и предлог-одлуката за доделување на парична помош на Петре Попов од Струмица.