Решение за свикување на триесет и втората седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на триесет и втората седница на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 10882/1
    21.12.2023 год.
    С т р у м и ц а

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на триесет и втората седница  на
Советот на општина Струмица
 
 
 
               Ја свикувам триесет и втората седница на Советот на општина Струмица за ден 28.12.2023 година (четврток).
               Триесет и втората седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00  часот.
               За работата на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 30-та и 31-та седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог-Програма за работа на Советот на општина Струмица за 2024 година;
  2. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2024 година;
  3. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
  4. Предлог – Програма на општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2024 годинa;
  5. Предлог-Програма за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2024 година;
  6. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2024 година;
  7. Предлог-Програма  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2024 година;
  8. Предлог – Програма  за поставување на  урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2024 година;
  9. Предлог-Програма  за работа  во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Мaкeдонија на подрачјето на општина Струмица за 2024 година;
  10. Предлог-Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2024  година;
  11. Предлог – Програма за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
  12. Предлог – Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2024 година;
  13. Предлог-Програма за одржување на јавната чистота во 2024 година;
  14. Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на  подрачјето на општина Струмица  за 2024 година;
  15. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2024 година;
  16. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во  областа на спорт и млади во 2024 година;
  17. Предлог-Програма  за активностите на Општина Струмица  во областа на образованието во 2024 година;
  18. Предлог- Програма за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2024 година;
  19. Предлог–Програма  за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2024 година;
  20. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната   и детската заштита во 2024 година;
  21. Предлог – Програма  за активностите на Општина Струмица  во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2024  година;
  22. Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2024 година;  
  23. Предлог-Програма за одбележување на годишнини  на значајни настани и истакнати личности во 2024 година во Општина Струмица;
  24. Извештај  за 2023 година и Програма за Струмичкиот карневал – 2024 година;
  25. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници  за 2024 година;
  26. Предлог – Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2024 година;
  27. Предлог – Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2024 годинa;  
  28. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Аргир Стоев;
  29. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Иса Демиров од с.Банско;
  30. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми  за распределба  на блок дотацијата за основното образование за 2024  година;
  31. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2024 година;
  32. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош на семејства со прваче на подрачјето на Општина Струмица  во учебната 2024/2025 година;
  33. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош  за   новороденче на подрачјето на Општина Струмица  во 2024 година;
  34. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патниците на подрачјето на општина Струмица;
  35. Предлог – Oдлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост„ Струмица;
  36. Предлог – Oдлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Виножито„ Струмица;
  37. Предлог – Одлука за субвенционирање на сметките на гас за домаќинствата на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
  38. Предлог – Решение за именување на членови во Општинскиот совет за превенција на детското престапништво на општина Струмица;
  39. Предлог – Решение за именување на членови во Комисијата за унапредување на правата на пациентите во Општина Струмица;
  40. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈСП ,,Струмица – Транспорт“ Струмица;
  41. Предлог – Решение за именување на членови на Надзорниот одбор за материјално – финансиско работење на ЈСП ,,Струмица – Транспорт“ Струмица;
  42. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 5, УЕ 1,  Општина Струмица, ограничен со улиците „У-1“, „У-3“, „У-6“, и „У-13“, (Плански период 2021-2026 година);
  43. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на КП бр. 3461 КО Банско;
  44. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 1.4-1, ГП 1.4-2, ГП 1.4-3, ГП 1.4-4, ГП 1.4-5, ГП 1.4-6  и ГП 1.4-7 (КП 435/1 и КП 435/2), КО Градско Балдовци, Општина Струмица;
  45. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација-спојување на КПбр.437/1 и КПбр.437/2, KO Струмица од ДУП за Блок број 20, со намена ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ, општина Струмица;
  46. Програма за работа на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица за 2024 година;
  47. Програма за работа на ЛУБ „Благој  Јанков Мучето“ Струмица за 2024 година;
  48. Програма за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња на ЈПЗБК „Стационар – Лана“ Струмица за 2024 година;
  49. Одлука за утврдување на висината на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПЗБК „Стационар -Лана“ Струмица за 2024 година;
  50. Програма за работа на ЈП „Паркиралишта-Струмица” Струмица за 2024 година;
  51. Програма за работа на ЈПЕД „Струмица – Гас” Струмица за 2024 година;
  52. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица за период од 01.01.2023 до 30.09.2023 година;
  53. Програма за работа со финансиски план на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2024 година;
  54. Одлука за утврдување на висина на бод за исплата на плата на вработените во ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2024 година;
  55. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период од 01.01.2023 до 30.09.2023 година (со финансиски план);
  56. Одлука за утврдување на тарифа за прочистување на отпадни води на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за регулиран период 2024-2026;
  57. Одлука за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за регулиран период 2024-2026;
  58. Одлука за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за регулиран период 2024-2026 за ЈП „Турија“ Василево;
  59. Одлука за утврдување на тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за регулиран период 2024-2026;
  60. Програма за работа на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2024 година;
  61. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица;
  62. Дополнување на Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ „Даме Груев“ Куклиш;
  63. Извештај од процена на штета од природна непогода – поплава, силен ветер и град на подрачјето на општина Струмица од 29 мај 2022 година (дополнително ќе биде доставен материјал).

 

 

                                                                           Совет на општина Струмица
          Претсeдател,
           Марjан Даскаловски