Се асфалтираа улици во Добрејци

Општина Струмица продолжува со градежните активности во населените места. Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година, викендов се афалтираа две улици во населеното место Добрејци. Освен асфалтирањето на двете улици, во ова населено место се изврши и санирање на ударните дупки на улиците. Асфалтирањето на улици ќе продолжи во населените места Вељуса, Рич, Попчево, Костурино и Габрово. Овие градежни активности се финансирани со средства од буџетот на општина Струмица.