Во рамките на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образованиеи наука, градоначалникот Коста Јаневски со министерката Мила Царовска, денеска, ги посетија средните стручни училишта „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“. Во овие училишта се одржа Отворен ден на кој учениците од завршните одделенија од основните училишта имаа можност да се запознаат со образовните профили коишто ги нудат средните стручни училишта во новата учебна година, а се барани на пазарот на трудот.
Градоначалникот јаневски рече дека овој концепт на Министерството за образование и наука ги дава и првите резултати во Струмица. Во средното училиште „Никола Карев“ се отворени три дуални паралелки во машинската, сообраќајната и градежно – геодетската струка и три дуални паралелки во ветеринарно – земјоделската, хемиско – технолошката и угостителската струка во средното училиште „Димитар Влахов“, усогласени со потребите на стопанството.
Општина Струмица на која еден од главните приоритети е локалниот економски развој, ја поддржува оваа кампања чија цел е во средните стручни училишта да се отвораат образовни профили во консултација со бизнис секторот.