Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,

Повторно  го дочекавте  големиот ден  во кој  го славите Вашиот  духовен триумф  даден од верата, молитвите и Рамазански пост, ползувајќи ги четирите димензии на Рамазан, преточени во духовноста, моралот, солидарноста и здравјето. Заокружувајќи го месецот на добрината, милоста, љубовта и простувањето, Вие ги заслуживте богатите дарови од Рамазан исполнети со душевен мир, бериќет и милосрдие.

Ви посакувам да сте живи, здрави, среќни, весели и исполнети со љубов,  а портите на вашите домови да бидат секогаш отворени за споделување на убавите нешта.

Нека Ви е честит Рамазан Бајрам. Нека Ви е вековито празнувањето.