Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
До спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица. Јавниот повик е во рамките на програмата за спорт (L0) за респределба на средства од Буџетот на Општина Струмица за 2021 година.
Право на учество
– Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија/клубови во областа на спортот кои имаат Решение од Агенција за млади и спорт за вршење дејност спорт
– Субјектите мора да се формирани и делуваат на територијата на Општина Струмица.
Основни критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
– го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.
– ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;
– го организираат и спроведуваат системот на натпревари
– се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри
– се грижат за унапредување на младите категории
– да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.
Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:
– Документација од извршена регистрација на субјектот (Тековна состојба на субјектот не постар од 6 месеци);
– Годишна програма за работа за тековната 2021 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Струмица за минатата 2020 година;
– Формулар за аплицирање (ПРИЈАВА) кој може да се подигне од општина Струмица или од ВЕБ страната на општината www.strumica.gov.mk. – ЛИНК
– Решение од Агенција за млади и спорт за вршење дејност спорт
– Прилози, фотографии, награди и др.
Рок и начин на доставување на пријавите Крајниот рок за поднесување на пријавите е 24.02.2021 година (Среда) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица
Ул.„Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица
На пликот треба да стои (НЕ ОТВАРАЈ) со назнака за LО (Спорт)
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат. Апликантите кои ќе дадат лажни податоци во формуларот за аплицирање (пријавата) и останатите документи ќе бидат одбиени без право да аплицираат во наредните 2 години.
ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
КОСТА ЈАНЕВСКИ