Увидот во Деталниот урбанистички план за населбата Софилар ќе трае до 14 септември

Увидот во Деталниот урбанистички план за населбата Софилар ќе трае до 14 септември

Во просториите на домот на АРМ се одржа јавната презентација на Деталниот урбанистички план за блоковите 39 и 40, односно, населбата Софилар.

Граѓаните од оваа населба покажаа голем интерес и присуствуваа на презентацијата  којашто ја одржаа Софија Ристова Патрикова раководител на Секторот за урбанизам и комунални работи и Дејан Динески планер на Деталниот урбанистички план.

Деталниот урбанистички план ќе биде објавен на веб страницата на општина Струмица и граѓаните своите забелешки ќе можат да ги достават до Секторот за урбанизам и комунални работи до 14 септември.

Донесувањето на Деталниот урбанистички план, беше единствен услов за изградба на целокупната инфраструктура којашто ќе обезбеди подобри услови за живот во населбата Софилар.