Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Денот на сесловенските просветители

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Денот на сесловенските просветители

Почитувани просветни работници, почитувани сограѓани,

24.Мај со векови се одбележува како Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Денес ги чествуваме светите солунски браќа кои со својата „глаголица“ станаа втемелувачи на нашата писменост и на писменоста на сиот словенски свет. Повеќе од единаесет векови ги ползуваме азбуката, писменоста и духовноста како бесценети дарови од двајцата словенски апостоли, просветители и учители. Тие дарови се нашето минато, сегашност и иднина, и како такви треба да ги чуваме и негуваме.

Нека ни е честит Денот и споменот на сесловенските просветители Св Кирил и Методиј.