Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскиот ден на учителот

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскиот ден на учителот

Петти октомври е ден кој секоја година се одбележува како Светски ден на учителот. Овој ден е востановен во чест на  учителите низ сите светски меридијани, истакнувајќи го значењето на нивната професија. Учителиот е една од главните алки во воспитно-образовниот процес и вистинско огледало за успешноста на неговото спроведување. Имајќи го во предвид фактот дека од образованието зависи развојот на заедницата и општеството, наставниците се должни да го вложат сиот свој максимум и љубов кон професијата, затоа што таквиот влог гарантира добра иднина за учениците но и за земјата во која живеат. Поради тој влог, учителот заслужува поголема почит од сите нас, но и соодветна валоризација на  вложениот труд. На сите наставници во општина Струмица им го честитам Светскиот ден на учителот, со желба за успешно спроведување на воспитно-образовниот процес и непречено справување со предизвиците кои ги наметна пандемијата од Кивид-19.  Нека е честит и вековит  5. Октомври – Светскиот ден на учителот.