Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскиот ден на здравјето

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскиот ден на здравјето

Денес целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација,  го одбележува  7. Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој ден го привлекува  вниманието на светската  јавност на најважната и највредната работа во животот на луѓето, а тоа е здравјето. За жал, и овогодинешното одбележување на Светскиот ден на здравјето се случува во услови на глобална здравствена криза предизвикана од пандемијата  од Ковид -19. Им изразувам јавна благодарност и им го честитам денешниот ден на сите чувари на најголемото богатство на секој од нас – здравјето, а тоа се лекарите, медицинските сестри и останатите здравствени работници од општина Струмица и од нашата држава, но и на сите мои сограѓани кои таквото богатство го заслужуваат. НЕКА СЕКОЈ ДЕН БИДЕ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО. ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА И ДА ГО ЧУВАМЕ НАШЕТО ЗДРАВЈЕ.