Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Велигден

Почитувани сограѓани од христијанска вероисповед,

Постојат мигови кои не прават да се чувствуваме возвишено и во кои ни празнуваат срцата, душите и сите наши сетила, мигови кои ни го прават животот поубав и не канат да бидеме верни на традицијата и духовните оставнини. Еве ги тие мигови пред нас. Повторно е време за празнување. Повторно е време да го славиме Христовото Воскресение  како чудо над сите чуда, како духовна вредност во која ја пронаѓаме смислата на нашето живеење.

Во ова тешко време на пандемија која секојдневно демне над нашите глави и која не прави да бидеме уплашени за нашето здравје,  Велигден ни доаѓа како мелем на рана, како извонредна можност да се пронајдеме себеси и да ги разбудиме во нас љубовта, верата и надежта за поубаво и посветло утре. Бесмислена би била суштината на нашите животи и на нашата вера, доколку Исус Христос со животот не ја победи смртта, преку својот пример за распетиетието и воскресението. Затоа, убавата вест за Христовото Воскресение да ја дочекаме со радост, со решеност за безгранична љубов кон ближниот свој и со желба за мир, хармонија и благосостојба во нашите души, семејства и домови.

Ви посакувам да бидете здрави, живи,  весели и среќни, но и секогаш подготвени да споделувате само убави нешта.

Нека Ви е честит Велигден. Нека Ви е за многу години Христовото Воскресение.