Јаневски: Задоволен сум од сработеното во првата половина од мојот мандат

Home / Вести / Јаневски: Задоволен сум од сработеното во првата половина од мојот мандат

Градоначалникот Коста Јаневски денеска одржа средба со претставниците на медиумите на која што ги информираше за проектите реализирани во првата половина од неговиот мандат, како и за проектите кои што ќе бидат приорите во наредниот период. Поминаа две години од мојот градоначалнички мандат и сакам да ги информирам граѓаните за поголемите проекти кои што ги реализиравме во овој период.

 

Фактите го потврдуваат нашето задоволство дека најголем дел од планираното го реализираме.

Во 2018 година имавме реализација на буџетот од 85 проценти, што е една од подобрите во последните години. Во третиот квартал од оваа година, реализацијата изнесува 62 проценти. Ова ветува дека и годинава ќе имаме висок процент на реализација на буџетот на општина Струмица.

Меѓу приоритети на кои истовремено работевме, беа децата од училишна возраст.

1.Втора година по ред обезбедивме бесплатни униформи за сите првоодделенци.

2.Училишен прибор за децата во социјален ризик.

3.Здрав оброк за секое дете со што поттикнуваме здрави навики.

4.Личен и образовен асистент за деца со попреченост.

5.Со специјално возило обезбедивме превоз за учениците со попреченост со придружба од лиценциран асистент од нивните домови до училиштата.

Се грижиме и за децата од предучилишна возраст.

1.Секое новороденче добива еднократна финансиска помош.

Решаваме повеќегодишен проблем со сместувачките капацитети за згрижување на децата од предучилишна возраст.

1.Градинките во Куклиш и Муртино наскоро ќе бидат отворени за 86 деца.

2.Со проширувањето во клон 2 ќе бидат згрижени уште 53 деца.

3.Потпишавме договор и обезбедивме средства за изградба на нова градинка во старата касарна со капацитет за 310 деца.

  1. 4. Ќе се адаптираат и нови простории за целодневен престој на децата.

Отвораме Повеќенаменски социјален центар за здруженијата на социјално ранливите групи во зграда на поранешната касарна.

Во истата зграда отвораме и центар за останатите невладини организации.

Ја подобривме и инфраструктурата.

1.За две години се пробиени и тампонирани улици во должина од 4.477 метри.

2.Прв слој асфалт е ставен на улици во должина од 302 метра во индустриските зони

3.Втор слој асфалт е ставен на улици со вкупна површина од 31.553 метри квадратни во градот и населеното место Добрејци.

4.Тротоари со бекатон плочки на површина од 4.412 метри квадратни во градот.

5.Извршено е и асфалтирање на површина од 13.947 метри квадратни во населените места Банско, Габрово, Раборци, Куклиш, Градско Балдовци, Вељуса, Водоча, Баница, Свидовица, Рич, Муртино, Попчево, Просениково, Костурино, Сачево и Добрејци.

6.Тампонирани се полски патишта во должина од 6 километри во атарите на населените места Дабиле, Муртино, Просениково и Добрејци.

Подобрено е уличното осветлување во градот се поставување на вкупно 410 нови ЛЕД арматури.

1.Со 47 нови метални столбови и нови ЛЕД арматури се осветли една од главните сообраќајници во градот улицата „Младинска“ во должина од 1.7 километри со што значително се подобри видливоста, а со тоа и безбедноста во сообраќајот на оваа улица.

2.Во градскиот парк е извршена замена на 96 канделабри со нови модерни ЛЕД осветлувачки тела.

3.Подобрено е уличното осветлување и во населените места Куклиш, Добрејци, Сачево, Габрово и Свидовица.

4.Работевме на дооформување и уредување на влезовите во градот и  продолжуваме понатаму.

Ги реконструиравме домовите на културата во Костурино, Дабиле, Просениково и Попчево. Изработена е и комплетна техничка документација со одобрение за градба на домови на културата во Куклиш и Вељуса.

Во завршна фаза е изведбата на канализациските системи во Дабиле и Просениково.

Ја подобрувавме водоводната и канализационата мрежа.

Се чистеа одводните канали.

Ја спроведуваме ЕКО кампањата за чиста Струмица.

Бесплатно се поделени 8.500 канти за отпад на домаќинствата, а продолжуваме и понатаму, затоа што нашата цел е секое домаќинство да добие канта за отпад.

Посадени се 600 садници на повеќе локации во градот.

Спроведени се повеќе акции за чистење на дивите депонии од кои се подигнати 2.430 метри кубни отпад. Ваквите акции ќе продолжат и понатаму.

Го решаваме и проблемот со бездомните животни.

Градежниот дел на стационарот за бездомни животни е целосно завршен

Набавена е опремата со возилата.

Во моментот се работи на подготовка на студија за менаџирање и одржливост на стационарот.

Изготвивме Стратегија и Акциски план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.

1.Ја прошируваме гасоводната мрежа.

2.Со 100 евра во денарска противвредност го субвенционираме приклучувањето на домаќинствата.

3.Болницата и други државни институции ќе се приклучат на мрежата. 4.Обезбедивме прочистувачи на воздухот во основни и средни училишта.

5.Нафтата и дрвата ги заменуваме со гас.

6.Со одлука на Советот ги стимулираме инвеститорите за градење објекти со зелени кровови фасади со намалување на комуналните давачки за 8,5 проценти.

Во оваа прилика сакам да ги спомнам и следните проекти на кои веќе интензивно се работи:

1.Реконструкција и уредување на поројот „Крушевска Република“ по целата негова должина од 3 километри со сообраќајници и партерно уредување.

2.Уредување на поројот „Свети Илија“ со две паралелни сообраќајници за кои е изготвен проект.

3.Изградба на градска галерија во просторот под плоштадот познато како поранешен „Лајк“.

4.Проширување на градскиот парк зад АТШ Берово.

5.Ќе направиме и Парк за домашни миленичиња.

На половина од мандатот сме и не ги заборавивме и останатите ветени проекти. Работиме на нив, но и на приоритетите што заедно ги утврдуваме на средбите со граѓаните. Заедно ја градиме нашата Струмица.